Франција во состојба на готовност поради птичји грип

Француската влада ја стави целата земја во состојба на готовност поради птичји грип, бидејќи вирусот се шири низ Европа, соопшти денеска француското Министерство за земјоделство.

Фото: ЕПА

Со овој потег ќе се прошири барањето за чување јата живини во затворени простории, што е мерка што се применува во одредени области од септември, пренесува Ројтерс.

„Од почетокот на август, 130 случаи на птичји грип се откриени кај диви животни или на фарми во Европа“, се вели во соопштението на Министерството и се додава дека се идентификувани три случаи меѓу живината во североисточна Франција.

„Затоа ќе се спроведат засилени превентивни мерки за заштита на живинарските фарми“, се вели во соопштението.

Холандските власти минатата недела им наредија на комерцијалните фарми да ги задржат сите стада внатре откако една фарма пријави птичји грип.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе