Франција, Велика Британија и Германија ќе активираат механизам на нуклеарниот договор

Франција, Велика Британија и Германија планираат да активираат механизам за решавање спорови на иранскиот нуклеарен договор по иранското повторно прекршување на договорот од 2015 година, соопштија двајца европски дипломати.

Дипломатите рекоа дека целта на одлуката е да се спаси договорот преку преговори со Иран за тоа што треба да се направи за промена на донесените одлуки.

Целта не е повторно да се наметнат санкции на ОН, рекоа тие.

Трите светски сили во вторник ќе ја известат Европската унија за планот за активирање на механизмот, додаваат изворите.

Иран презеде нов чекор наспроти обврските од договорот од 2015 година со шесте светски сили со тоа што на почетокот на овој месец објави дека ќе ги отфрли ограничувањата за збогатување на ураниум, иако рече дека ќе продолжи да соработува со телото за надзор на нуклеарни активности на ОН.

Британскиот премиер Борис Џонсон во вторникот го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го замени нуклеарниот договор со нов договор за да осигура дека Исламската Република не добива нуклеарно оружје.

„Ако се ослободиме од него и го замениме, да го замениме со Трамповиот договор“, рече Џонсон за договорот со Техеран за контрола на нуклеарно оружје од 2015 година, додавајќи дека тоа би бил „одличен пат напред“.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе