Франција вџашена од снимка од ученик како ѝ се заканува на професорка со „пиштол“ (ВИДЕО)

Видео снимка на која се гледа како ученик во француско средно училиште ѝ се заканува на професорка со лажен „пиштол“ ја шокираше франција, пренесува Раша тудеј. Веднаш почнаа да се поставуваат прашања за зачестеноста на таквите инцидентите и како на тоа реагираат властите.

Снимката која стана вирална, првично се појави на Снепчет, и покажува училница во училиште во париското преградие Кретеј. Момче стои среде училницата и ѝ се заканува на професорката со објект кој личи на пиштол, и бара од неа да напише „присутен“ а не „отсутен“ на листата на присутни ученици. Во позадина има друг ученик кој прави безобразни гестикулации кон камерата.

Француските медиуми јавија дека „пиштолот“ бил играчка, односно со него не можела да биде повредена професорката. И покрај вџашувачката ситуација, професроката изгледа невознемирено, како да не е првпат ова да ѝ се случува.

По инцидентот професорката поднела жалба против двајца 16-годишни ученици кои биле приведени, според француските медиуми. Ученикот кој ги прави безобразните гестикулации бил набрзо пуштен на слобода, додека главниот насилник е во притвор и денес се појавил пред судија за малолетници.

Снимката предизвика реакции на социјалните мрежи, и луѓето поставуваат прашања за казнување на учениците, дали реакцијата на професорката е соодветна и како треба да реагираат властите.

Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече инцидентот „неприфатлив“ и побара од министрите за внатрешни работи и образование да се справат со случајот.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе