Франција советува на помлади од 30 години подобро е да се дава вакцината Фајзер отколку Модерна

Француската агенција за јавно здравје препорачува на лицата помлади од 30 години да им се дава вакцината на Фајзер против ковид-19 кога е достапна наместо на Модерна, која „има релативно поголем ризик за проблеми со срцето".

Фото: ЕПА

Агенцијата што ја советува француската влада вели дека постојат „многу ретки“ ризици за развој на миокардитис во случај со вакцината на Модерна, според француската студија чии резултати се објавени во понеделникот и неодамнешните податоци за вакцината.

„Кај популација помлада од 30 години, тој ризик се чини дека е пет пати помал од вакцината Комирнати на Фајзер отколку вакцината Спајквакс на Модерна“, наведе агенцијата во изјавата објавена во понеделникот.

Регулаторите во неколку земји, вклучително и Канада, Финска и Шведска, исто така зазедоа порезервиран став за вакцината поради можни срцеви проблеми кај помладите луѓе.

Француската агенција препорачува, сепак, вакцината Модерна да се користи за луѓе постари од 30 години, бидејќи е нешто поефикасна.

Европската агенција за лекови минатиот месец одобри бустер доза на вакцината на Модерна за сите возрасни групи постари од 18 години, најмалку шест месеци по втората доза.

ЕМА претходно оваа година објави дека идентификувала можна поврзаност помеѓу ретко воспаление на срцето и вакцините против ковид-19 на Фајзер и Модерна. Но, придобивките од двете вакцини засновани на технологијата на иРНК ги надминуваат ризиците, според ЕМА, а и според американските регулатори и СЗО.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе