Агенцијата што ја советува француската влада вели дека постојат „многу ретки“ ризици за развој на миокардитис во случај со вакцината на Модерна, според француската студија чии резултати се објавени во понеделникот и неодамнешните податоци за вакцината.
„Кај популација помлада од 30 години, тој ризик се чини дека е пет пати помал од вакцината Комирнати на Фајзер отколку вакцината Спајквакс на Модерна“, наведе агенцијата во изјавата објавена во понеделникот.
Регулаторите во неколку земји, вклучително и Канада, Финска и Шведска, исто така зазедоа порезервиран став за вакцината поради можни срцеви проблеми кај помладите луѓе.
Француската агенција препорачува, сепак, вакцината Модерна да се користи за луѓе постари од 30 години, бидејќи е нешто поефикасна.
Европската агенција за лекови минатиот месец одобри бустер доза на вакцината на Модерна за сите возрасни групи постари од 18 години, најмалку шест месеци по втората доза.
ЕМА претходно оваа година објави дека идентификувала можна поврзаност помеѓу ретко воспаление на срцето и вакцините против ковид-19 на Фајзер и Модерна. Но, придобивките од двете вакцини засновани на технологијата на иРНК ги надминуваат ризиците, според ЕМА, а и според американските регулатори и СЗО.