Франција се повлече од поморска мисија на НАТО по инцидентот со Турција

Франција го информираше НАТО дека го прекинува своето учество во операцијата во Средоземјето откако ги добила резултатите од истрагата за инцидентот меѓу турските и француските воени бродови, објави функционер на француското министерство за оружени сили.

EPA-EFE

Турскиот амбасадор во Франција Исмаил Хаки Муса претходно на француските претставници им кажа дека Париз се повлекува откако истрагата на инцидентот не вродила со заклучок ниту ги потврдила француските тврдења.

Односите меѓу НАТО сојузниците Франција и Турција се влошија во последните недели поради Либија, северот на Сирија и дупчењата за нафта во источниот Медитеран.

Франција е особено гневна откако ги обвини турските воени бродови за агресивно однесување кон нејзиниот брод Курбе, откако во јуни се обидел да претресе брод за кој се верувало дека го крши ембаргото на Обединетите Нации над Либија.

Курбе учествуваше во мисијата на НАТО „Чувар на морето“.

Северноатлантскиот воен пакт отвори истрага по протестот на Французите на состанокот на министрите за одбрана во јуни.

Функционер на француското министерство кажа дека во писмото испратено во вторникот до НАТО се наведени четири барања: потврда на членките на Алијансата дека го почитуваат ембаргото, обезбедување дека ознаките на НАТО не биле користени за време на национални мисии, подобра координација меѓу мисијата на НАТО и мисијата на Европската Унија во зајакнување на ембаргото, и воспоставување механизми за избегнување слични инциденти во иднина.

„Додека чекаме исполнување на овие барања решивме привремено да се повлечеме од операцијата „Чувар на морето““, порача функционерот.

Франција тврди дека на 10 јуни турски воени бродови на Курбе трипати му сигнализирале со радарски знаци, а дека припадници на турската морнарица за време на инцидентот носеле заштитни елеци и оружје.

Муса ги отфрла француските тврдења и обвинува дека францускиот брод бил агресивен, а дека бродот кој сакале да го претресат носел хуманитарна помош.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе