Франција: Рекордни нови 13.498 нови случаи

Франција во претходните 24 часа пријави 13.498 нови потврдени случаи на ковид-19, поставувајќи уште еден рекорд од почетокот на епидемијата.

Вкупниот број на случаи во таа земја сега изнесува 442.194, а неделниот просек на дневни нови инфекции се искачи на повеќе од 9.700, во споредба со најнискиот 272 на крајот на мај, две недели по укинувањето на блокадата на земјата, пренесува Ројтерс.

Забрзаната циркулација на вирусот и шесткратното зголемување на тестирањето откако владата го направи бесплатно се двете главни причини за обемот на зголемувањето, велат епидемиолозите.

Бројот на луѓе во Франција кои починале како последица на ковид-19 во саботата се зголеми за 26, на 31.274, што е значително помал од претходниот ден.

Здравствените власти објавија остар скок на бројот на смртни случаи во земјата од ковид-19 во петокот, поради непријавените случаи во една болница во близина на Париз.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе