Франција поради Бразил се заканува со блокада на трговскиот договор на ЕУ и Јужна Америка

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека неговиот бразилски колега Жаир Болсонаро лажел за своите обврски во врска со заштитата на животната средина и кажа дека Франција е против спорниот трговски договор на ЕУ и Меркосур, против кој, како што се закани, ќе гласа и Ирска.

Европската Унија денес исто така почна да врши притисок врз Болсонаро поради пожарите кои ја пустошат Амазонија.

„Имајќи го предвид однесувањето на Бразил во последните недели, претседателот на Републиката може само да заклучи дека претседателот Болсонаро лажел на самитот (Г20) во Осака“, соопшти Елисејската палата и оцени дека „претседателот Болсонаро реи да не ги почитува своите климатски обврски и обврските од областа на биодиверзитетот“.

„Франција во овие околности е против договорот со Меркосур (блокот јужноамерикански земји) во ваква форма“, се додава во соопштението.

Ирска денес исто така се закани дека ќе гласа против договорот за слободна трговија кој ЕУ го потпиша со земјите од Меркосур (Бразил, Аргенитина, Уругвај и Парагвај) доколу Бразил не ја заштити Амазонската прашума која во моментов ја пустошат пожари.

„Ирска сигурно нема да гласа за договорот на ЕУ и Меркосур за слободна трговија доколку Бразил не ги почитува своите обврски околу заштитата на животната средина“, изјави ирскиот премиер Лео Варадкар.

„Исклучително сум загрижен поради досега најтешките последици на пожатите во Амазонската прашума“, кажа тој.

Ирската закана доаѓа додека по Амазонија се шират шумски пожари кои повлекоа дипломатски последици и мобилизација на климатските активисти.

Договорот на ЕУ и Меркосур за слободна трговија беше потпишан на крајот на јуни по дваесет години преговарање. Опфаќа пазар со 780 милиони потрошувачи или четврт од светското богатство.

Финска, која претседава со ЕУ во овие шест месеци, сугерираше да се донесе забрана за увоз на бразилско говедско месо. Премиерот Анти Рине кажа дека „пожарите се закана за целата планета, не само за Бразил или Јужна Америка“.

Групите за заштита на животната средина сметаат дека расчистувањето на шумите е причината за големите пожари во Амазонија и го обвинуваат десничарскиот бразилски претседател за ублажувањето на правилата за заштита на Амазонската прашума која е клучна за борбата против климатските промени.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе