Франција покрена истрага против претседателот на Интерпол за наводна тортура и варварство

Француските антитерористички обвинители отворија прелиминарна истрага за тортура и варварски дела, наводно извршени од генералот од Емиратите Ахмед Насер Ал Раиси, кој во ноември стана претседател на Интерпол, соопштија судски извори во четвртокот.

Фото: ЕПА

Истрагата следува по правната жалба од невладина организација, која го обвини Раиси дека додека бил висок функционер во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати вршел тортура врз опозиционер.

Заливскиот центар за човекови права (ГЦХР), сметајќи дека Раиси е одговорен за нехумано постапување кон Ахмед Мансур, противник на владата на Емиратите, ја поднел својата жалба во јануари до единицата за антитерористички обвинители, која е одговорна и за справување со злосторства против човештвото.

Организациите за човекови права против Раиси веќе изнесоа наводи за тортура кога тој се кандидираше за претседател на Интерпол, велејќи дека стравуваат дека агенцијата ќе биде изложена на ризик од експлоатација од репресивните режими.

Тој сепак беше изгласан за претседател во ноември по дарежливото финансирање од ОАЕ за телото со седиште во Лион, Франција.

Имаше и обвиненија дека Абу Даби го злоупотребил системот на Интерпол на таканаречените „црвени известувања“ за осомничени барани за прогон на политички неистомисленици.

Истрагата против Раиси ја води обвинителството за злосторства против човештвото, геноцид и воени злосторства, велат изворите.

54 милиони долари за Интерпол

Раиси им се приклучил на полициските сили на Емиратите во 1980 година и таму работел неколку децении.

Неговата кандидатура за функцијата во Интерпол предизвика серија протести, вклучително и од пратеници на Европскиот парламент.

Неколку невладини организации, меѓу кои и Хјуман рајтс воч, рекоа дека Раиси е „дел од безбедносниот апарат што продолжува систематски да ги таргетира мирните критичари“.

ОАЕ во 2017 година на Интерпол му донираше 54 милиони долари - речиси еднакво на потребните придонеси од сите 195 земји-членки на организацијата, кои во 2020 година изнесуваа 68 милиони долари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе