Франција парализирана: Масовен штрајк поради реформа на пензискиот систем (ФОТО)

Штрајк на ниво на целата земја го доведе поголемиот дел од Франција во застој. Десетици илјади лица излегоа на улиците во знак на протест против реформа на пензискиот систем од страна на претседателот Емануел Макрон, за кој синдикатите велат дека ќе принуди милиони луѓе да работат подолго или да се соочат со намалени бенефиции.

Возовите, метроата и автобусите, како и некои летови биле откажани додека повеќето училишта биле затворени, принудувајќи голем број родители да најдат алтернатива или да не одат на работа.

Властите соопштија дека околу 285.000 лица излегле на улица ширум земјата до пладне, бројка што не ги вклучува неколкуте илјади на маршот во Париз, кој започна во 14:00 часот.

„Не сме виделе таква излезеност долго време“, рече Ив Верие, шеф на синдикатот Форс Уврие на почетокот на митингот во Париз, пренесе АФП.

„Сега очекуваме владата да ја согледа ваквата мобилизација и да разбере дека нејзиниот универзален систем е лоша идеја“, рече тој.

Иако маршот во Париз започна мирно, демонстранти во црно подоцна запалиле приколка и искршиле излози на продавници, поради што полицијата употребила солзавец во обид да го запре вандализмот.

Полицијата исто така употребила солзавец во западниот град Нант, каде што некои демонстранти се степале со пожарникари и припадници на безбедносните сили.

Синдикатите на јавниот превоз соопштија дека ќе продолжат барем до понеделник со нивниот отворен штрајк, при што 90 проценти од ТГВ и регионалните возови се откажани и речиси сите линии на париското метро.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе