Франција од понеделник ги олеснува мерките, со построги правила во Париз

Францускиот премиер Едуард Филип потврди денес дека низ целата земја од понеделник се олеснуваат рестриктивните мерки, со построги правила во црвените зони, особено во Париз.

„Франција е поделена на два дела, со тоа што вирусот побрзо циркулира во некои региони, особено во парискиот регион, кој е многу густо населен“, истакна Филип на прес-конференцијата.

„Во парискиот регион стапката на зараза бавно опаѓа, но се уште е многу висока, повисока отколку што очекувавме. Затоа во тие територии ќе треба да бидеме екстра внимателни“, додаде тој, пренесе Ројтерс.

Административните региони околу Кале, Стразбур и Дижон остануваат „црвени зони“, и одредени ограничувања остануваат на сила, така парковите и средните училишта остануваат затворени.

Во Париз, патниците ќе треба да имаат дозволи од работодавците за да го користат метрото или автобусите за време на ударните часови.

Заради поактивното пренесување на вирусот и поголемиот притисок врз болничкиот систем одредени зони остануваат црвени, прецизираше министерот за здравство Оливер Веран.

Тој додаде дека Франција е подготвена масовно да ги тестира луѓето со симптоми на новиот коронавирус и оние кои биле во контакт со позитивни.

Владата за прв пат објави мапа на Франција со капацитети за тестирање. Цела Франција е зелена, што значи дека има можности за тестирање на ниво на проценетите потреби од 700.000 тестови неделно, рече министерот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе