Франција нарача 50.000 кутии лек против ковид кој сè уште не е произведен

Франција нарача 50.000 кутии таблети против ковид-19 од американската лабораторија Мерк, изјави денеска Оливие Веран, францускиот министер за здравство додека европските здравствени власти го испитуваат лекот, кој може да биде клучен во борбата против епидемијата.

Фото: ЕПА

„50.000 кутии од овој лек ќе бидат испратени во Франција кон крајот на ноември или почетокот на декември, веднаш штом лекот излезе од производство“, рече Веран на сослушувањето во Сенатот, пренесе Ројтерс.

Мерк, кој надвор од Северна Америка се нарекува МСД за да се разликува од истоимената германска компанија, на почетокот на октомври ги објави добрите резултати што ги покажа овој антивирусен лек.

Американската лабораторија, која го тестирала лекот на речиси 800 пациенти, при што деталите треба да ги објави, истакнува дека молнупиравир го преполовува ризикот од хоспитализација доколку се земе во рана фаза на болеста.

Групацијата побара одобрение за лекот од американските и европските здравствени власти, а последните во понеделникот известија дека започнуваат забрзана постапка.

Сепак, Веран потсети дека лекот нема да биде единствениот одговор на епидемијата, алудирајќи на важноста на вакцинацијата против ковид-19.

Цената на лекот во принцип ќе биде висока. Веран не ја откри вредноста на нарачката. Мерк има договор со САД за продажба на лекови доволни за 1,7 милиони луѓе, а еден третман со Мерк чини 700 долари. Мерк, исто така, неодамна потпиша договори со Велика Британија, Малезија, Сингапур и други земји.

„Вакцинирањето, плус антивирусните лекови, плус моноклоналните антитела, е еднакво на значително помал здравствен ризик“, истакна тој.

Тој комплет „ќе не заштити и од епидемиски бран на новата верзија на вирусот за која сè уште не се знае колкава штета предизвикува“, заклучи тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе