Северен тек 2

Франција најде начин како да го спаси рускиот „гасовод на раздорот“

Гасоводот Северен тек 2 стана една од главните причини за тензии меѓу Западот и Русија. Брисел се плаши дека поради него ќе се зголеми зависноста на Европа од Москва, пишува Екос, додавајќи дека проектот и односите може да ги спаси туркменистанскиот гас.

Во написот Северен тек 2 се нарекува гасовод на раздорот, бидејќи тој продолжува да предизвикува тензии во односите на Русија и Западот. Се истакнува дека Русија годинава ќе обезбеди 36 отсто од неопходниот гас во ЕУ, додека новиот гасовод ќе овозможи таа бројка уште повеќе да се зголеми и да се покрие порастот на побарувачката.

На Западот многумина се плашат од растот на моќта на Газпром, додека САД се гневни затоа што Европа станува сѐ позависна од руските енергенси. Меѓу другото, на Балтикот 80 отсто од сите испораки доаѓаат од Русија, а во Европа сметаат дека на тој начин се зголемува принципот на конкуренцијата.

Газпром има и големи европски партнери, но и тие се плашат од американските санкции за Северен тек 2.

Конфликтот може да го реши гасот од Туркменистан, пишува францускиот весник. Се наведува дека Туркменистан поседува големи резерви кои можат да ѝ се испорачуваат на Русија за потоа, преку руските цевки и преку Украина, да стигнат до Европа.

„Газпром преку цевките во Балтикот ќе го испорачува рускиот гас. Меѓутоа, благодарение на туркменистанскиот гас, транзитот низ Украина ќе продолжи. И сите ќе победат“, изјави за Екос извор близок на преговорите за Северен тек 2.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе