Франција ќе ѝ го испорача на Шпанија лидерот на ЕТА, обвинет за бомбашки напад во 1978 година

Франција во средата донесе одлука да го испорача шпанскиот лидер на поранешната баскиска сепаратистичка група ЕТА, обвинет за финансирање на вооружена група преку кафулиња каде се собирале поддржувачите на независноста на Баскија.

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Шпанија со месеци чека екстрадиција на Хозе Антонио Урутикоецеа (69), кој исто така е обвинет за давање наредба за извршување на бомбашкиот напад на гарнизонот на шпанската цивилна гарда во 1978 година во Сарагоса. Тогаш 11 лица загинаа, а 88 биле повредени.

Се верува дека тој во мај 2018 година стоел зад најавата за распуштање на ЕТА и дека бил еден од нејзините последни водачи. Бројни припадници на ЕТА се криеле во францускиот дел на Баскија, а операциите ги изведувале во Шпанија.

Судот во Париз во средата соопшти дека Урутикоецеа, познат и под името Јосу Тернера, во следните три дена може да поднесе жалба до Врховниот суд на одлуката за екстрадиција. Шпанското правосудство не знае каде се наоѓал откако било покренато обвинението во 2002 година.

Во мај 2019 година, тој бил уапсен во Саланш, на француските Алпи, во заедничка операција на француската и шпанската полиција. Урутикоецеа боледува од рак, а францускиот суд на 30 јули му дозволил да излезе од притвор поради ризик по здравјето откако во тамошниот притвор се појавил коронавирус. Оттогаш се наоѓа во домашен притвор во Париз.

Заговорниците за независноста на Баскија, автономна покраина со 2,2 милиони жители во северна Шпанија, бараат негово ослободување. Шпанските здруженија на жртви на тероризам бараат судење и бараат од владата во Мадрид да продолжи со прогонот и истрагата за поранешните членови на групата.

Еускади Та Аскатастуна (ЕТА), на баскиски јазик Баскија и Слобода, од 1959 година настојувала да основа држава во северна Шпанија и јужна Франција. Таа била на списокот терористички групи во Шпанија. Вооружената борба ја запре во 2011 година, а оружјето го предаде во 2017 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе