Франција изгласа закон против радикалниот исламизам

Француското народно собрание денес го усвои законот чија главна цел е борбата против растот на исламизмот за кој владата вели дека му се заканува на националното единство.

EPA-EFE

Законот не издвојува ниедна религија, но спомнува пракси како присилен брак и тестирање на невиноста. Вклучува строги мерки против оние кои на интернет го бранат насилството, посилен надзор над верските организации и рестрикции на одгледувањето на децата надвор од традиционалните образовни институции.

Се проценува дека во Франција живеат околу 5 милиони муслимани, а повеќето од нив се со потекло од Алжир или други поранешни колонии на француската империја.

Франција во изминатите години беше мета на крвави напади на милитанти, а следната година ја очекуваат претседателски избори на кои голема тема ќе бидат францускиот идентитет, внатрешната безбедност и борбата против верскиот екстремизам.

Законот беше ставен пред парламентот на 115-годишнината од законот со кој во Франција биле одвоени црквата и државата. Левицата го нарече напад врз исламот, додека крајната десница и дел од конзервативците го сметаат за преблаг.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин кажа дека тоа е силна офанзива на секуларната држава.

Расправата околу таа мерка се интензивираше откако тинејџер исламист на 16 октомври минатата година му ја отсече главата на наставникот Самуел Пати, тврдејќи дека го казнил бидејќи на предавања за слободата на говорот покажувал карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед.

Крајно десната лидерка Марин ле Пен го обвини Дарманин дека не му се спротивставил на време на радикалниот ислам.

„Ја ограничувате слободата на сите за да се обидете да ја ограничите слободата на неколку исламисти“, кажа таа во минатонеделната парламентарна расправа, мислејќи на ограничувањата на домашното образование.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе