Да почнат да преговараат

Франција: Иран и САД имаат еден месец

Иран и САД имаат еден месец за да се вратат на преговарачката маса, предупреди францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив ле Дријан.

Тој посочи дека планот на Техеран да ги продолжи своите нуклеарни активности во ноември повторно ќе предизвика тензии во регионот.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна се обиде да покрене разговори меѓу американскиот и иранскиот претседател Доналд Трамп и Хасан Рохани на маргините на сесијата на Генералното собрание на ООН во Њујорк.

„Веруваме дека тие иницијативи, кои не успеаја, сè уште се актуелни и сега останува на Иран и на САД да ги искористат предностите од нив во релативно краток период, бидејќи Иран најави нови мерки за намалување на обврските според меѓународниот договор за својата нуклеарна програма“, рече Ле Дријан.

Иран постепено си ги намалува обврските што произлегуваат од нуклеарниот договор потпишан во 2015 година со западните земји, како одговор на санкциите на САД, изречени откако Вашингтон се повлече од договорот во мај 2018 година.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе