„Иако помошта на Франција главно е насочена кон самоодните артилериски системи Цезар, од кои 18 веќе се пренесени од почетокот на војната, списокот на оружени системи е многу поширок. Има и ракети Милан и Мистрал, оклопни транспортери, противтенковски мини ХПД-2А2, заштитна опрема во случај непријателот да употреби нуклеарно, биолошко или хемиско оружје и уреди за ноќно гледање од најновата генерација“, соопшти Министерството, пренесува Укринформ.
Од почетокот на војната, Франција испрати воена помош за Украина во вкупна вредност од 550 милиони евра и е меѓу петте најголеми земји донатори на Украина.
Вкупната вредност на воената помош што земјите од ЕУ ѝ ја испратија на Украина изнесува околу три милијарди евра, пренесува Укринформ.