Заедно со Италија и Романија

Франција и Германија бараат Украина веднаш да добие кандидатски статус за ЕУ

Неколку земји од ЕУ бараат веднаш да и се додели на Украина кандидатски статус.

Фото: ЕПА
Претседателот Емануел Макрон рече дека Франција, Германија, Италија и Романија се за итно давање на Украина кандидатски статус за ЕУ.
 
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Германија, Франција, Италија и Романија се за да и се даде на Украина итен статус кандидат за ЕУ, по заедничката средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и четворицата лидери на ЕУ во четвртокот во Киев.
 
Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис утринава пристигнаа во Украина за да разговараат со Зеленски во Претседателската палата во Киев.
 
По завршувањето на разговорите, лидерите што се во посета одржаа прес-конференција на која ги објавија резултатите од разговорите и изразија поддршка за Украина во услови на тековниот воен конфликт со Русија.
 
Макрон прв објави дека сите присутни членки на ЕУ го поддржуваат доделувањето итен кандидатски статус за членство во Европската Унија, додавајќи дека Франција, исто така, ќе го исполни своето ветување дека ќе и испорача шест дополнителни топови со долг дострел Цезар на Украина.
 
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека дошол во Украина со јасна порака - дека Украина му припаѓа на европското семејство и дека Германија ќе поддржи позитивна одлука за пристапување на Украина и на Молдавија во ЕУ.
 
Италијанецот Драги, исто така, изрази поддршка за кандидатскиот статус на Украина, изјавувајќи дека „Ние сме на пресвртница во нашата историја. Украинскиот народ секојдневно ги брани вредностите на демократијата и слободата што се во основата на европскиот проект, нашиот проект. Не можеме да чекаме. Не можеме  го одложиме овој процес“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе