Франција го повлече амбасадорот во Рим откако италијански вицепремиер се сретна со лидерите на „жолтите елеци“

Француските власти соопштија дека решила да го повлечат на консултации амбасадорот во Рим поради „напад без преседан од Италија“.

Италијанската агенција Анса пренесува дека тоа било соопштено од француското министерство за надворешни работи.

Повод за таквата одлука е „провокацијата“ од италијанскиот вицепремиер Луиџи де Мајо, кој во вторникот на Твитер објави дека со пратеникот на своето Движење на пет ѕвезди Алесандро Ди Батиста „скокнал“ до Франција за да се сретне со „лидерот на „жолтите елеци“ Кристоф Шалесон и со кандидатите на изборите за Европскиот парламент на екстремната десница“.

„Ветерот на промените премина преку Алпите“, порача Ди Мајо преку социјалната мрежа.

Меѓу Париз и Рим веќе некое време врие дипломатска кавга поради поддршката за протестите во Франција од страна на водечки италијански функционери. Другиот вицепремиер на италијанската влада Матео Салвини минатата недела кажа дека Французите „ќе можат да се ослободат од ужасниот претседател“ во мај по изборите за Европскиот парламент.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе