Франција ги забрани турските крајнодесничари Сиви волци

Франција вчера го забрани дејствувањето на турската крајнодесничарска група Сиви волци на својата територија.

EPA-EFE

Сивите волци се крајнодесна националистичка група, своевидно милитантно крило на турската Партија на национално движење, а забраната на нејзиното дејствување во Франција доаѓа во екот на растечките тензии меѓу Париз и Анкара.

Забраната е одобрена на неделниот состанок на кабинетот на француската влада. Франција ги обвини Сивите волци за „екстремно насилни акции“, ширење на „екстремно насилни закани“ и „поттикнување на омраза против власта и Ерменците“, изјави портпаролот на француската влада Габриел Атал, потсетувајќи на минатонеделното сквернавење на ерменски споменик во близина на Лион.

Споменикот на жртвите на турскиот геноцид врз Ерменците, кој се случил во 1915 година, беше осквернавен со протурски слогани и натписи „Сив волк“ и „РТЕ“, иницијалите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ерменија со години се бори масовните убиства на Ерменците, извршени од Отоманското царство, да се прогласат за геноцид, а Франција ја поддржува во тие напори.

Кои се Сивите волци?

Сивите волци се група тесно поврзана со турската Партија на национално движење (МХП), која ѝ е коалициски партнер на Ердогановата Партија на правдата и развојот (АКП) во турскиот парламент, и се смета за нејзино милитантно крило.

Постојат со децении, а во 1980-тите користеа насилство против левичарските активисти и етничките малцинства во Турција.

Што вели Турција за забраната на Сивите волци?

Од Анкара најавија дека ќе „одговорат на најжесток можен начин“. Во исто време, турското министерство за надворешни работи го негираше постоењето на Сивите волци, додавајќи дека „Франција се занимава со имагинарна формација“.

Турското министерство соопшти дека француската влада мора „да ја штити слободата на собирање и изразување на Турците во Франција“ и го обвини Париз дека ги „игнорира поттикнувањето на омраза, заканите и нападите“ врз француските Турци.

Судирот на Турција и Франција

Тензиите меѓу Турција и Франција се на високо ниво откако францускиот претседател Емануел Макрон реши да се пресмета со исламистите откако во предградие на Париз 18-годишен исламистички терорист му ја отсече главата на наставникот Самуел Пати, кој на учениците во рамките на предавања за слобода на изразувањето им покажувал карикатури на Мухамед, кого муслиманите го сметаат за пророк.

Турскиот претседател Ердоган потоа алудираше дека Макрон е ментално нестабилен бидејќи го брани правото на објавување на карикатурите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе