Чекор кон Елисејската палата

Франција денес очекува голема победа на Ле Пен на локалните избори

Во Франција денес се одржуваат локалните избори кои се тест на популарноста на лидерката на крајната десница Марин ле Пен и нејзиниот поумерен имиџ.

EPA-EFE

Првиот круг на локалните избори доаѓа по тешки година и пол ограничувања, полициски час и карантин поради пандемијата на коронавирусот и се предизвик за претседателот Емануел Макрон, а проекциите покажуваат дека неговата партија нема да освои ниеден од 13-те региони на континентална Франција, пишува Ројтерс.

Лидерката на десничарскиот Национален совет Марин ле Пен според анкетите е рамо до рамо со Макрон, пренесува Политико.

Анкетите покажуваат дека одѕивот на регионалните избори би можел да биде на рекордно ниско ниво од околу 40 отсто.

Социјалистите и конзервативните републиканците, кои доминираа со француската политика до поразот во 2017 година, и понатаму добро се држат на регионално ниво.

Секој од нив во моментов ја држи власта во пет региони, од вкупно 18.

Според најновите анкети, Националниот совет е во позиција да ја освои власта во најмалку еден регион, што би било првпат во историјата на Франција.

Многумина во Франција го гледаат регионалното гласање како чекор кон Елисејската палата за Марин ле Пен, која во 2017 година на изборите изгуби токму од Макрон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе