Извикувајќи слогани против претседателот

Франција: Демонстранти се обиделе да влезат во театарот, Макрон евакуиран (ВИДЕО)

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад од антивладини демонстранти, јави новинската агенција Анадолија.

Поголема група демонстранти се собрала пред театарот, откако на социјалните медиуми е објавена информацијата дека Макрон се наоѓа внатре во зградата.

Извикувајќи слогани против Макрон, демонстрантите се обиделе да влезат во театарот, а француската полиција го евакуираше претседателот, јави Анадолија.

Најавениот план на владата за реформи на пензискиот систем во Франција предизвика протести и штрајкови кои траат од 5 декември минатата година.

Администрацијата на Макрон со новиот план се залага висината на пензијата да се пресметува врз основа на висината на платата што вработениот ја добивал во текот на целата кариера, а не врз основа на платите од последните пет години од работната кариера.

Синдикатите тврдат дека тоа ќе резултира со значително пониски пензии за идните пензионери.

Планот на Макрон предвидува и измени во критериумите за комплексноста на различни занимања, што на крајот ќе ги одземе правата за предвремено пензионирање на работниците од повеќе сектори, вклучително и јавната служба, пишува Анадолија.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе