Франција: Борбата против затоплувањето годишно ќе чини 1.000 долари по жител

Исполнувањето на целите на Парискиот климатски договор ќе чини 1.000 долари по жител, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, повикувајќи на рефинансирање на Зелениот фонд за клима.

„Климатското затоплување е скапо. Според наша проценка, ако сакаме да ги исполниме целите на Парискиот договор, следните години ќе бидат потребни по 1000 долари по жител годишно“, објасни министерот во Елисејската палата по средбата со претставници на економијата.

„Меѓународните организации мора да се мобилизираат, Светската банка, Европската инвестициска банка и од самитот на Г7 во Бијариц очекуваме најави за Зелениот фонд за клима“, продолжи тој.

Тој прецизираше дека ги повикал своите колеги, министрите за финансии од Г7 и ги замолил да учествуваат во ова рефинансирање.

Зелениот фонд за клима, за чие основање е одлучено во Канкун, Мексико во 2010 година, а е започнат во Дурбан, Јужна Африка следната година, им дава приоритет на земјите во развој кои најмногу се изложени на климатските промени.

Првичната цел на фондот е да собере 100 милијарди долари годишно од развиените земји во корист на земјите во развој. Со Парискиот договор, подоцна целта е одложена до 2025 година.

Покрај овие суми, Бруно Ле Мер сака да мобилизира „технички инструменти за да го насочи финансискиот прилив кон борбата против климатското затоплување и обновливите извори на енергија“.

„Потребни се сигурни, прецизни и неутрални индикатори за управители на имотите, банките, осигурителните компании, за да можат да се насочат на заштеди на поединците во борбата против климатското затоплување и обновливите извори на енергија“, рече министерот, кој со колегите основал „коалиција на министри за финансии за зелено финансирање“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе