Франција би можела да ја промени границата на согласност на полов однос на 13 години

Франција разгледува промена на законот кој ја одредува старосната граница за согласност на полов однос по два случаи во кои мажи се ослободени од обвинувања за силување 11-годишни девојчиња.

Министерката Марлен Шeјпа изјави дека владата размислува за воведување фиксна возрасна граница, под која сексуалниот однос автоматски би бил одреден како силување.

Границата на согласност во Франција е 15 години, но таа не е фиксна и обвинителите секогаш мора да докажуваат дека половиот однос не бил договорен. Ако не е докажано насилство или принуда, силувачите може да бидат осудени само за малтретирање и да отслужат максимална казна од 5 години затвор, со парична казна од 75.000 евра.

Шејпа изјави дека владата расправа за поставување граница меѓу 13 и 15 години. Иако нема глобален договор, старосната граница за полов однос во повеќето светски држави е 16 години.

Јавниот обвинител изјави во саботата дека 30-годишен маж е ослободен од обвинување за силување 11-годишно девојче во 2009 кога имал 22 години. Жртвата наводно го излажала за својата возраст, а нејзиното семејство дознало дури откако затруднела. Бидејќи немало докази за насилство, мажот беше ослободен.

Во септември 28-годишник беше ослободен од обвинување за силување 11-годишно девојче кое наводно го следело до неговиот дом од парк. Обвинителите навеле дека немало насилство, закани, присила па мажот е ослободен бидејќи судот заклучи дека девојчето се согласило на половиот однос.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе