Фотографии направени на растојание од седум години покажуваат шокантни ефекти од климатските промени

Шокантните фотографии покажуваат како еден глечер во Алјаска скоро тотално се стопил за само седум години поради климатските промени.

Фоторепортерот Лари Панел (56) првпат направил слики од глечерот Соер додека крстосувал со брод низ регионот уште во 2012 година.

Оттогаш тој неколкупати отишол таму за да го види ледениот гребен и бил шокиран кога од прва рака ги видел физичките ефекти од глобалното затоплување.

За време на неговото последно патување тој ги споредил сликите на глечерите што ги направил во минатото и ја увидел огромната разлика во количеството мраз.

„Иако бев сведок на повлекување на многу глечери, тешко е да се забележи разликата кога ги посетувате секоја година“, рече Лери.

„Ова се смени оваа година кога за прв пат по седум години се вратив кај глечерот Соер.“

„Да се каже дека бев шокиран е потценување на она што го чувствував кога бродот застана на неколку стотици јарди од него, тоа беше сенка на неговото поранешно јас. Го посетуваме Соер секоја недела и веќе неколку недели не можевме безбедно да му пристапиме на глечерот со тоа количество мраз во водата.“

Лери првично проценил дека половина од глечерот целосно исчезнала откако последен пат го видел пред три години.

„Враќајќи се во мојата кабина, ја зедов мојата книга за Алјаска од полицата и почнав да ги споредувам фотографиите пред и потоа“, продолжи тој.

Глечерот Соер во 2012 Глечерот денес

„Срцето ми се скрши, ме заболе, и очите ми се насолзија кога сфатив дека две третини од глечерот Соер исчезнале во текот на седум години.“

Во мај годинава научниците посочија дека глечерите наскоро би можеле да исчезнат од половина од најубавите места во светот поради глобалното затоплување.

За повеќе од половина од местата назначени за светско наследство од ООН се вели дека се под закана, освен ако брзо не се преземат активности за запирање на климатските промени.

Објавено

Петок, Август 16, 2019 - 09:16

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе