Формирана е нова германска десничарска партија што како лого користи нацистички симбол

Германскиот политичар, Андре Погенбург коj ја напушти екстремно десничарската германска политичка партија Алтернатива за Германија (АфД) формираше нова партија со лого што се користело како таен знак од страна на австриските нацисти во 1930-тите години на минатиот век, пишува Фокс њуз.

Андре Погенбург минатата година поднесе оставка од функцијата на регионален шеф на АфД во источната покраина Саксонија-Анхалт, откако Турците ги нарече „возачи на камили“, а имигрантите со двојно државјанство „банда на бездомници кои веќе не сакаме да ги имаме (тука)“.

Андре Погенбург често е опишан како екстремен десничар поради неговата силна анти-муслиманска и анти-имиграциска реторика, со која освои речиси четвртина од гласовите во Саксонија-Анхалт во 2016 година.

Тој ја напушти партијата претходната година, критикувајќи ја АфД дека премногу се грижи за тоа дека германската разузнавачка служба ќе почне да ја следи партијата.

Неговата нова партија Будење на германските патриоти (АдП) ќе користи плав цвет од пченка како позадина на германското знаме. Плавиот цвет е познат симбол на омразата.

Во соседна Австрија, плавиот цвет беше поврзан со анти-семитското движење Шоенерер и бил користен како таен знак од страна на симпатизерите на фашизмот.

Погенбург изјави за германската новинска агенција ДПА дека не сака неговата нова партија на било кој начин директно да се натпреварува со АфД.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе