Формирана автокефална Украинска православна црква

Во Киев е формирана автокефална Украинска православна црква, одвоена од Московската патријаршија.

На соборот на претставниците на новата црква, на која присуствуваше и претседателот на Украина Петро Порошенко, за поглавар на црквата е избран 39-годишниот митрополит Епифаниј, пренесе Ројтерс.

„Овој ден ќе влезе во историјата како свет ден... како ден на конечната независност од Русија“, рече Порошенко до илјадниците приврзаници, кои извикуваа „Слава, слава, слава“.

„И Украина нема повеќе да пие, како што рече Тарас Шевченко ‘Московски отров од московска чаша’“, рече тој, цитирајќи го националниот поет.

„На сите им честитам за формирањето автокефална Украинска православна црква, која само што е создадена“, рече Порошенко пред илјадниците луѓе кои денес се собраа пред храмот на Света Софија во Киев.

Новиот поглавар на црквата е избран зад затворени врати на т.н. собор на обединување, наведе АП.

Овој собор се одржува за време на прогласената воена состојба која е прогласена во десет погранични региони на Украина.

Воената состојба е прогласена на 26 ноември на 30 дена поради „руската закана“ по инцидентот во Керченскиот теснец, кога руските поморски сили запленија три украински воени бродови и ги уапсија членовите на екипажот, под обвинение дека ги нарушиле руските територијални води.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе