Формиран независен панел кој ќе испита како СЗО и земјите се справиле со пандемијата

Членовите на независниот панел што ќе преиспита како Светската здравствена организација и земјите се справиле со пандемијата ковид-19 се назначени во четвртокот, а меѓу нив се и поранешниот мексикански претседател Ернесто Зедило и поранешниот британски државен секретар Дејвид Милибанд, јави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Ко-претседавач на панелот, поранешната премиерка на Нов Зеланд, Хелен Кларк и поранешната либериска претседателка Елен Џонсон Сирлеф објавија список од останатите 11 члена.

„Имаме намера да научиме сè што можеме за раниот почеток на пандемијата, глобалното ширење, здравјето, економските и социјалните влијанија, како е контролирана и како ослабна“, рече Кларк.

Меѓу другите членови се поранешниот колумбиски министер за финансии Маурицио Карденас, кинескиот професор Жонг Наншан, поранешната претседателка на „Лекари без граници“, Канаѓанката Џоан Лиу, како и Марк Дибул и Мајкл Казацкине, кои официјално го водеа Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

Предвидено е панелот да се состанува на секои шест недели, почнувајќи од овој месец, па се до април, додека во октомври пред Извршниот одбор на СЗО ќе одржи презентација.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус кога го најави лансирањето на панелот во јуни, рече дека ќе добие привремен извештај од нив на годишниот состанок на министрите за здравство во ноември и дека ќе претстави „независен извештај“ следниот мај.

Тедрос рече дека извештајот е во согласност со резолуцијата усвоена од 194 земји-членки во мај минатата година, со која се бара проценка на глобалниот одговор. Пандемијата досега предизвика повеќе од 26,11 милиони инфекции и 862.963 смртни случаи, според податоците на Ројтерс.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ја критикуваше улогата на СЗО во кризата, обвинувајќи ја организацијата дека била премногу блиска до Кина и дека не сторила доволно за да ги преиспита активностите на Пекинг минатата година кога првпат се појави вирусот. Тедрос ги отфрли овие индиции и рече дека неговата организација го информирала светот.

САД во средата соопштија дека нема да платат приближно 80 милиони долари што во моментов му ги должат на СЗО и наместо тоа ќе ги пренасочат парите кон сметката на ООН во Њујорк.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе