Форин аферс: Готово е, Кина има поголема дипломатска мрежа од САД

Кина стана централна сила во глобалната политика, а како што пишува американскиот магазин Форин аферс од годинава ги надмина САД по големината на дипломатската мрежа.

Со децении Вашингтон имаше таква најголема мрежа во светот. сега ја има Кина која може да се пофали со 276 дипломатски мисии, вклучувајќи амбасади, конзулати и постојани мисии при меѓународните организации. САД, од друга страна, имаат 273 дипломатски мисии.

Оваа промена би можела да претставува пресвртница во натпреварувањето на големите сили.

Некогаш САД го имаа приматот во таа област, но сега односот се изедначува. Така Пекинг отвори пет нови амбасади во последните две години: во Буркина Фасо, Доминиканска Република, Ел Салвадор, Гамбија и Сао Томе и Принципе.

Додека Пекинг и Вашингтон се изедначени по бројот на амбасади, Кина е ненадмината според бројот на конзулати во светот – ги има 96 додека САД имаат 88.

Амбасадите ја рефлектираат политичката моќ, а конзулатите се одраз на економската сила. Фокусот на Кина на конзулатите е во согласност со нејзиното фокусирање на унапредувањето на економската дипломатија во однос на традиционалната.

Така 41 конзулат на Кина се лоцирани во Азија, а 28 се во Европа.

Тоа е во согласност со кинеската инфраструктурна иницијатива Појас и пат, чија вредност се мери во трилиони долари, а целта ѝ е подобо да ја поврзе Кина со овие региони, пишува Форин аферс.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе