Шефицата на Европската комисија

Фон дер Лајен остана без столче на состанокот со Ердоган (ФОТО+ВИДЕО)

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен не добила стол на кој би можела да седне за време на разговорот со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, пишува Вашингтон пост.

EPA-EFE

На снимката објавена на интернет се гледа како шефицата на Европската комисија немала каде да седне во салата во која се одржал состанокот, бидејќи биле ставени само два стола, од кои на едниот седнал претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

На крајот, Фон дер Лајен се сместила на каучот, наспроти министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, кој е, според дипломатскиот протокол, на понизок ранг.

Инаку тоа место, за време на ваквите средби, им припаѓа на преведувачите и на другите учесници на состаноците. Членката на Европскиот парламент Софи ин т Велд смета дека ова не било случајно.

„Тоа беше намерно. Зошто претседателот на Европскиот совет не презел ништо?“, напиша таа на Твитер, мислејќи на Шарл Мишел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе