„Повторно сум во Киев за да се сретнам со претседателот Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмихал“, напиша таа на Твитер. Таа рече дека ќе разговара за заедничките напори потребни за обнова на земјата и за напредокот што Украина го постигна на својот европски пат.
„Ова ќе придонесе за нашата проценка, која наскоро ќе ја претставиме“, рече Фон дер Лајен.
🇺🇦 Good to be back in Kyiv.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) June 11, 2022
With President @ZelenskyyUa I will take stock of the joint work needed for reconstruction and of the progress made by Ukraine on its European path.
Європа з вами! pic.twitter.com/JqtXvgamkV
Ова е втор пат таа да ја посети Украина од почетокот на војната во февруари. Таа, исто така, ја посети земјата на почетокот на април со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика. Тогаш беа во посета на Буча во близина на Киев, каде што беа пронајдени стотици тела на цивили по повлекувањето на руските сили.
Европската комисија во петок ќе даде мислење за тоа дали Украина треба да добие статус на кандидат за ЕУ, пред самитот на 23 и 24 јуни, што исто така ќе биде тема. Украина поднесе барање за членство во ЕУ во март, непосредно откако Русија ја започна инвазијата на 24 февруари.
Иако многу земји го поддржуваат пристапувањето на Украина во ЕУ, некои се многу резервирани, вклучувајќи ги Холандија и Данска, но и Германија и Франција.