Фон дер Лајен: Требаше да ги слушаме оние што го познаваат Путин (ВИДЕО)

Шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен денеска посочи дека Европската унија требало повеќе да ги слуша оние кои со години предупредуваа на опасноста од режимот на рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

„Една од лекциите од оваа војна е дека требаше да ги слушаме оние што го познаваат Путин. Ана Политковскаја (убиена руска новинарка) и руските новинари кои го разоткриваа криминалот и го платија тоа со своите животи. Нашите пријатели во Украина, Молдавија, Грузија и опозицијата во Белорусија. Требаше да ги слушаме гласовите во нашата Унија, во Полска, балтичките земји и низ Централна и Источна Европа“, рече Фон дер Лајен во говорот за состојбата на Унијата.

„Со години ни кажуваа дека Путин нема да запре“, истакна таа. Таа додаде дека овие земји не само што предупредуваа, туку и дејствуваа за да ја прекинат нивната зависност од Русија; инвестираа во обновливи извори на енергија, ЛНГ терминали и интерконектори.

„Мораме да се ослободиме од руската зависност во цела Европа“, рече претседателката на Комисијата. Фон дер Лајен рече дека војната што ја започна Русија не е само војна против Украина, туку и војна против европската енергија, економија, вредностите и иднината.

„Ова не е само војна што Русија ја започна против Украина. Ова е војна против нашата енергија, војна против нашата економија, војна против нашите вредности и војна против нашата иднина. Овде се работи за автократија против демократија“, рече во своето обраќање за состојбата на Унијата Урсула фон дер Лајен облечена во комбинација на жолта и сина боја, боите на украинското знаме.

Специјален гостин на овогодинешниот говор за состојбата на Унијата е сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска. „Овде стојам со убедување дека со храброст и солидарност (рускиот претседател Владимир) Путин ќе доживее неуспех и дека Европа ќе победи“, рече Фон дер Лајен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе