Преку посебен механизам

Фон дер Лајен: ЕУ колку е можно најбрзо ќе обезбеди вакцини за Западниот Балкан

Европската Унија со посебен механизам „што е можно побрзо“ ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за земјите од Западен Балкан и уште некои соседи, изјави доцна синоќа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, соопштувајќи го исходот од седницата на лидерите на ЕУ.

EPA-EFE

Таа објасни дека е сложена постапката за доставување на вакцини на сиромашните земји преку меѓународната програма Ковакс и затоа е одлучено преку посебен механизам на Унијата да се обезбеди доставување вакцини на Западниот Балкан кои ќе ги дадат членките на ЕУ.

Лидерите на ЕУ одлучија и поради наглото ширење на опасната нова варијанта на вирусот да ги „обесхрабрат неважните патувања“ во Унијата, но и да го зачуваат единствениот пазар на ЕУ и Шенген зоната, а мора точно да се утврдат „црвените зони“ во светот и да се бара лицата кои доаѓаат од таму во Унијата претходно да мора да имаат тест на коронавирусот.

Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакнаа дека во ЕУ е сè поголема загриженоста поради ширењето на новиот сој на коронавирусот и кажаа дека затоа ќе бидат преземени сите мерки да се забрза вакцинацијата на населението на ЕУ.

Истакнаа дека целта е до летото да се вакцинираат најмалку 70 отсто од жителите на ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе