Фон дер Лајен: Без размислување би се вакцинирала со вакцината на Астра зенека

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ќе биде среќна да ја прими вакцината на Астра зенека во време кога официјални лица се трудат да не дозволат да пропаднат дозите од вакцината на која Германците не ѝ се наклонети.

Фото: ЕПА

Нејзината изјава дојде во време на зголемена загриженост дека неповолните коментари од водечките европски претставници, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон, ја забавија вакцинацијата со едната од само трите одобрени вакцини во Европската унија.

Макрон претходно во февруари рече дека Велика Британија презеде ризик со пребрзото одобрување на вакцината на Астра зенека. Германска официјална студија исто така откри дека вакцината, иако е ефикасна, има повеќе несакани ефекти од нејзините двајца главни ривали.

„Би ја примила вакцината на Астра зенека без размислување, како производите на Модерна и Фајзер/Бајонтек”, рече Фон дер Лајен за весникот Аугсбургер алгемајне.

Поддршката за Астра зенека доаѓа еден месец откако Комисијата влезе во жестока расправа со Астра зенека во врска со обвинувањата дека британско-шведската компанија при испораката на вакцината ѝ дала предност на Велика Британија во однос на ЕУ, што компанијата го отфрла.

Комисијата е на мета на критики поради бавното воведување на вакцинацијата во 27-те членки на блокот и критичарите ја обвинуваат дека не успеала да обезбеди набавка на вакцини на време за да се стави крај на пандемијата што ја уништува европската економија.

Во Германија, каде што се претпочита вакцината Фајзер/Бајонтек, расте бројот на неискористени дози на вакцината Астра зенека, така што политичарите и официјалните лица се натпреваруваат да предложат начини за овие вакцини да не пропаднат.

Берлинската сенаторка за социјални прашања Елке Брајтенбах, рече дека неискористените дози треба да ги поделат на 3.000 бездомници кои живеат во градското кризно сместување.

„Не треба да ги забораваме оние кои немаат гласно лоби зад себе“, рече Брајтенбах.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер претходно изјави дека неискористените вакцини треба да одат за полицијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе