Фон дер Лајен: Вакцинацијата на првите граѓани на ЕУ можна до Божиќ

Првите граѓани на ЕУ можат да бидат вакцинирани против коронавирусот до Божиќ, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но предупреди дека земјите-членки мораат итно логистички да се подготват за да дадат стотици милиони дози вакцини.

Фото: ЕПА

Обраќајќи им се на европратениците, Фон дер Лајен рече дека „конечно се гледа светло на крајот од тунелот“ и додаде дека „првите државјани на ЕУ би можеле да бидат вакцинирани пред крајот на декември“.

Европската комисија, извршното тело на ЕУ, има договори со шест потенцијални добавувачи на вакцини и работи на седми договор. Според тие договори, може да набави повеќе од 800 милиони дози, што е повеќе од вкупното население, околу 460 милиони.

Вчера Брисел соопшти дека ќе потпише договор за околу 160 милиони дози на експерименталната вакцина за коронавирус со американската компанија Модерна, која изјави дека нивната вакцина според прелиминарните податоци е ефикасна 94,5 проценти.

„Земјите-членки сега мора да се подготват. Зборуваме за милиони шприцеви, зборуваме за ладни ланци, за организирање центри за вакцинација, за обучени луѓе кои ќе бидат таму. Сето тоа мора да биде подготвено“, предупреди Фон дер Лајен и ги повика граѓаните да ги почитуваат епидемиолошките мерки, иако ѝ штетат на економијата и им пречат на луѓето.

„Со скоро 3.000 смртни случаи на ден, ковид-19 е прв причинител за смртта во ЕУ минатата недела. Болниците сè уште се под притисок, а во некои региони единиците за интензивна нега се преоптоварени. Мора да учиме од летото и не смееме да ги повторуваме истите грешки. Претераното опуштање на мерките создава ризик за трет бран на зараза по Божиќ“, рече Фон дер Лајен, која додаде дека Божиќ оваа година ќе биде поинаков и помирен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе