Фон дер Лаен: Ни претстои преминување од општи на насочени мерки

Европската комисија денес го претстави европскиот патоказ за постепено укинување на мерките воведени поради пандемијата на новиот коронавирус. Во Брисел нагласуваат дека излегувањето од вонредните мерки мора да биде претпазливо, дозирано, координирано и приспособено на конкретните ситуации во секоја земја-членка.

„Ова не е сигнал дека рестриктивните мерки може веднаш да бидат укинати“, предупреди претседателката на ЕК Урсула фон де Лаен. Таа истакна дека предлогот на Европската комисија за постепено укинување на вонредните мерки воведени низ цела Европа за борба против ширењето на коронавирусот се заснова на три основни предуслови.

„Мора да постојат епидемиолошки критериуми што укажуваат на намалување на ширењето на вирусот во доволен временски период. Мора да се обезбедат соодветни здравствени капацитети за сите пациенти, не само за заразените со ковид-19, и мора да се воспостави систем за контрола на ситуацијата во смисла на широко тестирање на граѓаните“, рече Фон дер Лаен.

Таа вели дека ќе се работи на замена на „општите мерки“ со „насочени мерки“, а дека патоказот што го претставува Комисијата е само „рамка“ за земјите-членки, од кои секоја во однос на својата конкретна ситуација треба да донесе национални одлуки, но и да ги координира на ниво на ЕУ.

Фон дер Лаен повтори дека во наредниот период посебен акцент ќе биде ставен на пронаоѓање вакцина против ковид-19 и на економско закрепнување на Европа.

Таа најави дека ЕУ ќе организира меѓународна донаторска конференција на 5 мај, која ќе се одржи преку интернет, за да се соберат средства за финансирање на истражување и производство на вакцини и лекови за коронавирусот.

Претседателот на ЕК истакна дека спасувањето животи и заштитата на Европејците останува приоритет, како и дека силата на Европа лежи во социјалниот и економскиот баланс.

Што се однесува на економското закрепнување, претседателката на Европската комисија потврди дека очекува следниот повеќегодишен буџет на ЕУ да биде клучен одговор на кризата со вирусот.

„Ќе ни треба силен буџет за да мобилизираме значајни инвестиции во наредните години“, заклучи Фон дер Лаен.

Таа најави дека Комисијата ќе претстави европски „план за закрепнување“ заснован на ревидираниот предлог за ЕУ-буџет за 2021-2027 година.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе