Фон дер Лаен и Меркел ги повикаа државите да „ја одредат цената на емисиите на јаглерод“

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и германската канцеларка во заминување Ангела Меркел ги повикаа државите да ја одредат цената на емисијата на јаглеродот, кој е главна причина за глобалното затоплување.

Фото: ЕПА

Урсула фон дер Лаен ја повтори целта на ЕК Европа да биде првиот климатски неутрален континент во светот и во оваа деценија да ја намали емисијата на штетни гасови за 55 отсто.

Таа се заложи богатите земји да им помогнат на сиромашните и ги повика државите да ја одредат цената на емисиите на јаглерод, зашто „природата веќе не може да чека“.

За цената на емисиите на јаглеродот вчера се заложи и Меркел, која претседаваше на првата конференција на ОН за климата КОП1, одржана во 1995 година во Берлин.

Германската канцеларка на заминување кажа дека на светот му е потребна „сеопфатна трансформација“ на начинот на живот и работа за да се запрат климатските промени.

Зборувајќи на свеченото отворање на годинешниов самит на ОН за климата во Глазгов, Меркел рече дека сака да упати „јасно барање да се одреди цената на емисијата на јаглеродот“ што би помогнало за промоција на најефикасни начини за постигнување нулта емисија, цел кон која се стремат повеќето земји до 2050 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе