Фон дер Лаен: Гледам напредок по средбата со Орбан околу ембаргото за руската нафта

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен изјави дека е постигнат напредок и дека некои прашања се разјаснети со Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, членка на Европската Унија што се противи на заедничкото ембарго на руската нафта.

Фото: ЕПА

Состанокот на двајцата лидери одржан во Будимпешта „придонесе за разјаснување на одредени точки поврзани со санкциите и енергетската безбедност“, објави Фон дер Лаен на Твитер. „Постигнавме напредок, но има уште работа да се заврши“, додаде таа.

Таа најави скора видеоконференција „со другите актери во регионот“ за да се зајакне регионалната соработка во нафтената инфраструктура.

Унгарија, која е зависна од купувањето руски енергенси, ја условува согласноста за шестиот европски пакет санкции од Москва со гаранции дека ќе има осигурено снабдување со енергенси доколку се воведе ембарго за купувањето руска нафта.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто рече дека Унгарија не може да го прифати предложениот пакет европски санкции за Русија додека не се решат нејзините стравови.

Претходно, премиерот Орбан рече дека предлогот на Комисијата ќе има ефект „на атомска бомба врз Унгарија и ќе го уништи стабилното снабдување со енергија“, рече тој. За да можат 27-те земји да одлучат за санкциите, тие мора да бидат едногласни.

Европската комисија во средата го претстави предлогот за нови санкции против Русија, кои вклучуваат забрана за увоз на сурова нафта од Русија во рок од шест месеци и нафтени производи до крајот на оваа година.

Во предлогот се предвидени исклучоци, но Унгарија и Словачка ги оценија како недоволни. Двете земји, како и Чешка, се во голема мера зависни од увозот на руска нафта и им е тешко да обезбедат алтернативни патишта за снабдување. Бугарија, исто така, изрази интерес за изземањето. Будимпешта бара петгодишно одложување, пишува Франс прес.

Како што објасни еден европски дипломат за агенцијата, на Унгарија за безбедно снабдување со нафта ќе ѝ треба нов нафтовод за да ја поврзе со Хрватска, која има излез до море. Затоа бара гаранции дека Загреб ќе се ангажира во изградба на таа инфраструктура, како и гаранции за европските финансиски ресурси.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе