Фолксваген ја призна вината за скандалот со дизелашите, мора да плати казна од над милијарда евра (ВИДЕО)

Германските обвинители му одредија на Фолксваген казна од 1,18 милијарди евра поради лажирањето на тестовите за емисии на штетни гасови, јавуваат агенциите. Компанијата Фолксваген изјави дека ја прифаќа казната и ја призна одговорноста за скандалот.

„По темелната истрага, Фолскваген ја прифати паричната казна и нема да вложи казна против неа. Со тоа компанијата ја призна одговорноста за скандалот со дизелашите и ова го смета за голем чекор кон неговиот крај“, објави Фолскваген во соопштение.

Обвинителите заклучија дека компанијата не спроведувала правилен надзор врз одделот за развој на мотори, што резултирало со продажба на над 10,7 милиони дизелаши со нелегален софтвер за контрола на емисијата на гасови низ светот.

Скандалот беше откриен во 2015 година и Фолксваген поради него веќе мораше да плати милијарди како казни кои му ги одредија американските власти. Компанијата изјави и дека се надева дека плаќањето на казната во Германија ќе има позитивно влијание врз официјалните процеси кои се водат против неа во Европа.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе