Фокс њуз за претресот на имотот на Трамп: Ова е заговор, најголемиот напад во историјата на САД (ВИДЕО)

Откако агенти на ФБИ упаднаа на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида, конзервативните медиуми веднаш застанаа во негова одбрана и жестоко го нападнаа Џо Бајден и неговата администрација.

Фото: ЕПА

Од Фокс њуз, Нузмакс и Блејз до бројни десничарски блогери, коментатори на Јутјуб и на социјалните мрежи, сите имаат речиси идентични ставови.

„За жал, морам да кажам дека повеќе не верувам дека во оваа наша величествена земја постои еднаквост пред законот или дека правдата е еднаква за сите“, рече водителот на Фокс њуз, Шон Ханити. Ова е заговор против Трамп и обид да се спречи неговото враќање на власт, рече Ханити за време на својот монолог.

Бајден го користи Министерството за правда во борбата со својот најстрашен политички ривал, додаде тој.

„Ова ми изгледа речиси како превентивен државен удар“, изјави водителот на конзервативното ток-шоу Бак Секстон за Фокс њуз.

„Ова е толку погрешно, толку тиранско“, рече коментаторот на Блејз, Стивен Краудер во видеото во кое повикува на војна, според НПР. Видеото за осум часа имало повеќе од 600.000 прегледи.

„Мора да постои рид за кој сте подготвени да умрете. Ова е тој рид“, рече Краудер, но подоцна рече дека тоа не е повик за вистинско насилство. Тој ги повика гледачите „да се борат против огнот со оган“.

„Администрацијата на Бајден испали куршум меѓу очите на оваа Република“, рече водителот на Фокс њуз, Марк Левин во својата радио емисија. „Ова е најголемиот напад во историјата на Републиката. Ова е напад врз сите поддржувачи на Трамп“, рече Левин.

Мет Шлап, претседател на Американската конзервативна унија, напиша на Фокс дека инцидентот покажал дека САД станале „земја од Третиот свет“.

Поранешниот шеф на њујоршката полиција, Бернард Керик, изјави за Нузмакс дека верува оти демократите ќе се обидат да го убијат поранешниот претседател.

Во повеќето конзервативни медиуми, фокусот не е на темата на истрагата, туку на бесот поради нејзиното спроведување. Во еден момент на Фокс њуз се појави наслов: „Бајденовиот ФБИ го претресува домот на потенцијалниот ривал на изборите во 2024 година“.

Белата куќа тврди дека Џо Бајден за претресот на имотот на Трамп дознал од медиумите и дека Министерството за правда до синоќа не го информирало за истрагата.

Бајден за медиумите изјави дека Министерството за правда постапува независно во такви предмети, додека дел од левицата го обвинуваат американскиот државен обвинител Мерик Гарланд дека е премногу благ и претпазлив во односот кон Трамп.

Во последните недели, Фокс њуз постепено се дистанцираше од Трамп. Сè помалку време е посветувано на неговите говори, а фокусот е префрлен на покривањето на гувернерот на Флорида Рон Де Сантис, веројатниот кандидат за републиканската претседателска номинација во 2024 година.

НПР во својата анализа наведува дека пресвртот настанал поради истрагата за улогата на Трамп во нападите на Капитол, но и две тужби поради ширење на дезинформации за украдени избори, кои може да го чинат Фокс милијарди долари. Очигледно, ниту сопственикот на куќата, Руперт Мардок, никогаш особено не го ценел Трамп, но овој сојуз му одговарал во одреден момент.

Сепак, се се вратило на старо по веста за претресот на имотот на Трамп.

„Кога ќе ја вратиме власта, време е сите да бидат повикани на одговорност - военото раководство, цивилното раководство, државната служба, оние кои ја злоупотребиле својата моќ во Конгресот - сите тие треба да одговараат“, рече Лора Инграам од Фокс.

Главниот политички водител Брет Баер вчера ја нарече потрагата „политичка бомба“.

Водителот на емисијата „Фокс енд френдс“, Стив Дуси, истакна дека директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, бил номиниран токму од Трамп во 2017 година.

Начинот на кој Фокс њуз се бави со ова прашање има длабоки импликации на политиката на Републиканската партија и расцепканото конзервативно политичко движење во САД и е особено важно за милионите поддржувачи на Трамп, кои се огорчени поради последните избори и очекуваат Трамп да се врати на власт.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе