Флорида: Бивш војник уби четири лица, меѓу кои мајка и бебето што ѝ било во раце (ВИДЕО)

Поранешен припадник на американската војска денеска уби четири лица во сојузната држава Флорида, меѓу кои и мајка и нејзиното бебе, кое било во нејзините раце.

Фото: скриншот

Властите изјавија дека 33-годишниот напаѓач Брајан Рајли очигледно има ментални проблеми и додаваат дека со недели на девојката ѝ зборувал дека може директно да комуницира со бог.

По жестоката размена на оган со Рајли, кој е уапсен, полицијата пронајде 11-годишно девојче со повеќе влезни рани и тела на четири убиени лица.

Меѓу нив има 40-годишен маж, најверојатно несреќен минувач, 33-годишна мајка и нејзиното тримесечно бебе, како и нејзината 62-годишна баба, која живеела во соседната куќа.

Рајли, кој бил војник во Ирак и Авганистан, најверојатно случајно ги избрал жртвите, велат властите.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе