„Сите очи сега се свртени кон Унгарија и Турција. Чекаме тие земји да ги ратификуваат нашите барања. Мислам дека би било важно тоа да се случи што е можно поскоро“, рече Марин на заедничката прес-конференција со другите нордиски лидери.
Финска и Шведска минатата недела повторија дека истовремено ќе се приклучат на НАТО, претставувајќи обединет фронт пред Турција.
Двете земји поднесоа барање за влез во НАТО во мај како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со приговори од Турција, која ги обвини дека пружиле засолниште на групи што ги смета за терористички.