Финска купува 64 американски борбени авиони за 9,5 милијарди долари

Финска ги избра борбените авиони Ф-35 на американската компанија Локид Мартин на јавниот тендер за замена на своите стари авиони Ф/А-18 и планира да нарача 64, објави денес финската влада.

EPA-EFE

Локид Мартин учествуваше во натпреварот за договорот со шведски Сааб, американски Боинг, француски Десо и британски БАЕ системс. Зделката е вредна 8,38 милијарди евра или 9,44 милијарди американски долари, соопшти финската влада.

„Кога ќе се споредат воените перформанси, Ф-35 најмногу ги задоволува нашите потреби“, изјави финскиот министер за одбрана Анти Каиконен на конференција за новинарите.

Одлуката за набавка на нови авиони почна на крајот на 2015 за да се заменат старите ловци „хорнет“, купени во 1992 од компанијата Мекдонел Даглас, сега дел од Боинг.

Финска е 14-тата земја која одлучи да купи авиони Ф-35. Финска не е членка на НАТО, но во последните години воспостави цврсти врски со воениот пакт и избра воена опрема компатибилна со опремата на членките на Алијансата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе