Финска ќе ја затвори границата за Русите кои бегаат од мобилизацијата

Финска ќе ја затвори границата за руските туристи откако Русите, поттикнати од делумната мобилизација за војната во Украина која ја најави рускиот претседател Владимир Путин, почнаа да бегаат во таа нордиска земја.

EPA-EFE

Финската влада вечерва најави дека ќе им го забрани влезот на руските туристи во земјата во следните неколку дена.

„Нашата цел е значително да се намали бројот на луѓе кои во Финска влегуваат од Русија“, кажа претседателот Саули Нинисто за државната телевизија.

Одлуката за забрана на влезот за руските туристи доаѓа во момент кога финската копнена граница е под притисок од бранот Руси кои бегаат во страв дека ќе бидат мобилизирани. Финска во изминатите денови беше под голем притисок од своите соседи од ЕУ откако одби да им го забрани влезот на руските туристи, што претходно го направија Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе