Финска ќе ги тестира граѓаните за коронавирус по случаен избор

Финска ќе почне да го следи ширењето на новиот коронавирус меѓу населението со тестирање за антитела по случаен избор, објавија денес здравствените власти на земјата.

Главните болници ќе испраќаат повици по случаен избор до избрани граѓани од сите возрасти за тестирање на антитела кои ги развиваат заразените со ковид-19, вклучувајќи ги и оние кои заболуваат без да покажат симптоми на болеста.

Првите тестови ќе бидат направени во Хелсиншкиот регион и резултатите ќе ѝ помогнат на владата да одлучи какви мерки се потребни за спречување на ширењето на ковид-19, респираторното заболување предизвикано од новиот коронавирус.

„Главната цел на истражувањето што ќе започне сега е да се добијат информации за тоа колкав дел од популацијата развила антитела кои укажуваат на претходен контакт со коронавирусот“, се вели во изјавата на Финскиот здравствен институт.

„Со проценка на присуството на антитела кај популацијата, можеме да утврдиме колку епидемијата се проширила кај различни возрасни групи и во различни области“.

Финска досега регистрирала 2.176 случаи на зараза со коронавирус, а 27 од нив починале.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе