Финска ја укинува вонредната состојба заради коронавирусот, има сè помалку заразени

Финска го повлекува законот за вонредни овластувања усвоен од парламентот во март за справување со коронавирусот, бидејќи стапката на инфекции е забавена и веќе не се потребни посебни мерки, рече денеска премиерката.

EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Сана Марин рече дека нема веќе законски причини за владата да ги задржи вонредните овластувања и дека вонредната состојба ќе заврши денес на полноќ.

„Ова не значи дека опасноста од ширење на вирусот е завршена“, рече таа.

Дваесет и шест пациенти заразени со ковид-19 се хоспитализирани, а само едно лице е на интензивна нега во понеделник во Финска, соопшти владата.

Таа додаде дека имало 15 до 25 нови случаи на ден во текот на неколку недели, со што вкупниот број заразени пациенти достигнал 7.104.

„Законот за вонредни овластувања, кој на граѓаните им ги ограничува ‘основните права’ апсолутно не може да остане на сила подолго отколку што е потребно“, рече министерката за правда Ана-Маја Хенриксон.

Марин рече дека одредени ограничувања, како она кое на рестораните им наложува да го скратат работното време во текот на вечерните часови и она за бројот на гости во ресторанот, ќе останат на сила, но дека ќе се спроведуваат со редовните закони.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе