Финска и Шведска заедно ќе купуваат оружје

Двете нордиски земји денеска официјално поднесоа барања за приклучување кон НАТО, кои Турција веднаш ги блокираше.

Фото: ЕПА

Финска и Шведска заеднички ќе купуваат преносно огнено и противтенковско оружје, соопшти денеска финското Министерство за одбрана, додека двете нордиски земји поднесоа барања за приклучување кон НАТО-пактот.

Двете земји ќе ја зајакнат соработката со приклучување кон договорот за набавка на противтенковско оружје од шведскиот производител на оружје Сааб динамикс, пренесува Ројтерс.

Финскиот министер за одбрана Анти Каиконен, исто така, одобри подготовки за заедничко купување огнено оружје од мал калибар, вклучително и јуришни пушки и оружје за лична заштита.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе