„Оваа суверена одлука на Финска и Шведска, два европски партнери, ќе овозможи зајакнување на нивната безбедност во услови на актуелната закана во нивното непосредно соседство и значително ќе придонесе за колективната сила и нашата европска безбедност со нивните капацитети“, истакна во саботата Елисејската палата.
Шведска и Финска се откажаа од традиционалната неутралност поради руската инвазија на Украина.
„Дваесет земји сојузнички“ веќе го „ратификуваа протоколот“, рече министерката за надворешни работи Кетрин Колона при неговото прифаќање во Националното собрание.
За да можат двете земји да имаат заштита според член 5 од Повелбата на НАТО во случај на агресија, протоколот треба да го потпишат триесет земји-членки на организацијата.
Но, Турција, членка на Северноатлантската алијанса, се заканува дека ќе го „запре“ процесот, обвинувајќи ги двете скандинавски земји дека овозможуваат засолниште на Курдистанската работничка партија (ПКК) и нејзините сојузници, кои Анкара ги смета за терористички организации.