Финците протестираат против средбата Трамп-Путин во Хелсинки (ФОТО)

Демонстранти излегоа на улица во финскиот главен град, во знак на протест поради претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

 

Околу 2.500 демонстранти се појавија на протестот денеска, само еден ден пред Трамп и Путин да одржат состанок. Тие држеа пароли „Направете го мирот повторно голем“ и „Бегалци, добредојдени сте“, меѓу другите.

На митингот говореше Хајди Хаутала, членка на парламентот на ЕУ од партијата на Зелените во Финска, која ги критикуваше Трамп и Путин.

„На сегашниот светски поредок... му се спротивставува восхитувањето кон силата и ставот 'секој човек за себе'. А ова е тоа што овие двајца мажи, Трамп и Путин, го имаат заедничко - презир кон демократијата, непочитување кон меѓународните договори, непочитување на човековите права“, рече таа, пренесува Ројтерс.

Во друг дел од градот, мала група луѓе, вклучувајќи и некои од националистичката Партија на Финците, организираа про-Трамп митинг.

Протестите беа дел од 16-те демонстрации што се очекува да се одржат во Хелсинки денеска и утре.

Градоначалникот Јан Вапаавуори рече дека не е загрижен поради нив, дека градот е подготвен и дека Финска има долга историја на мирни протести.

Хелсинки не е единствената европска локација во која викендов се одржаа протести поврзани со Трамп; десетици илјадници луѓе демонстрираа против неговата посета на Лондон во петокот, додека неколку илјади излегоа да го сторат истото во Шкотска во саботата, каде што Трамп помина голем дел од викендот играјќи голф.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе