Филипинскиот претседател за Путин: Јас убивам криминалци, а не деца

Филипинскиот претседател во заминување Родриго Дутерте остро го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за убиство на невини цивили во Украина. Дутерте рече дека тој и Путин биле означени како убијци и додаде: „Јас убивам криминалци, а не деца и старци".

Фото: ЕПА

Ова е првпат Дутерте, кој претходно отворено го нарекуваше Путин „идол“ и пријател, да го критикува рускиот претседател поради инвазијата на Украина. Дутерте притоа тврдеше дека војната, која трае веќе три месеци, доведе до нагло зголемување на цената на нафтата, што има негативно влијание врз многу земји, вклучително и Филипините.

Иако Дутерте во синоќешниот говор рече дека не го осудува рускиот претседател, тој рече дека не се согласува со терминот „специјална воена операција“ (како што Кремљ ја нарекува инвазијата на Украина), велејќи дека се работи за „тотална војна против една суверена земја“.

„Многумина велат дека јас и Путин сме убијци. Одамна ви кажав на вас, Филипинците дека навистина убивам. Но, јас убивам криминалци, а не деца и старци“, рече Дутерте на средбата со клучни владини претставници, што беше емитувана на телевизија, па додаде: „Ние сме два различни света“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе